Вардар против Мешков Брест ја отвора новата сезона

Ракометарите на Вардар со натпреварот против Мешков Брест во СЕХА лигата ќе стартуваат во натпреварувачката сезона 2016/2017. Вардар е двократен шампион во СЕХА лигата, минатата сезона во ова натпреварување го освои второто место.

Амбициите на РК Вардар во новата СЕХА сезона се јасни, пласман на завршниот турнир и освојување на титулата, иако регионалното натпреварување оваа сезона е најсилно од основањето.

Покрај македонскиот првак Вардар и бранителот на трофејот Веспрем, во лигата ќе се натпреваруваат уште неколку тимови кои се натпреваруваат и во Лигата на шампионите.

„Одработивме добри подготовки, трениравме многу. Во овој процес беа приклучени и нашите млади играчи. На последниот тренинг пред мечот ќе ни се приклучат Карачиќ, Циндриќ и Чупиќ. Мешков е добар противник, во текот на подготовките игравме против нив и загубивме со три гола разлика. Иако беше пријателски натпревар, ние не одигравме добро. Мешков е една од најдобрите екипи во СЕХА лигата, има добри играчи кои играат паметно, но ние сме подготвени, треба да имаме висок интензитет во играта“, изјави тренерот на тимот Раул Гонзалес.

„СЕХА лигата од година в година е сè посилна и посилна, а оваа година е најсилна досега со влезот на тимовите од Словенија. Сепак, амбициите на Вардар не се менуваат, најпрво ќе атакуваме на првото место. Мешков Брест е посилен него што беше минатата сезона. Очекувам тежок меч, но ние ќе сториме сè сезонава да ја започнеме со победа“, рече новиот капитен на Вардар, Столе Стоилов.

Мечот се Мешков Брест треба да биде официјално деби за новите играчи кои Вардар го засилија во летниот преоден рок: Шпанецот Канељас, црногорскиот репрезентативец Борозан, Бразилецот Рожерио и искусниот хрватски репрезентативец Чупиќ.

„Премногу е рано да се зборува за новите играчи, различно е кога се играат пријателски и официјални натпревари. Мислам дека сега имаме „подолга“ клупа од лани, тимот доживеа промени. Добро е што можеме да играме без промени (напад-одбрана), но, сепак, потребно е време за да се воиграме, бидејќи немавме доволно време за заеднички тренинзи. Јас очекувам многу од овој тим“, рече Шпанецот на клупата на Вардар.

Натпреварот во СЕХА конкуренцијата Вардар-Мешков Брест, кој на програмата е утре, ќе започне во 20.30 часот во СЦ „Јане Сандански“.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе