Фудбалскиот клуб Вардар им се обрати на сите навивачи кои планираат утре во живо на Националната арена „Тодор Проески“ да присутвуваат на натпреварот против чаирски Шкупи.
Соопштението на клубот го пренесуваме во целост:
„По одржаниот состанок со претставниците на МВР и ФФМ, а во врска со натпреварот против екипата на Шкупи, кој ќе се одигра во сабота од 13:00 ч. на Арената 'Тодор Проески', донесени се следните одлуки:
🎟️Билети ќе се продаваат исклучиво пред југозападниот влез на стадионот, кој воедно ќе биде и единствено отворен за посетители.
Цената на билетите изнесува:
100 денари со членска карта
200 денари без членска карта
🧭 Посетителите натпреварот ќе може да го проследат од Јужната, односно Западната трибина на стадионот.
✖Внесување на тврди предмети (запалки, лименки, шишиња, монети, пиротехнички средства, алкохол, оружје итн.) ќе биде строго забрането.
🥤Во подтрибинскиот простор на Јужната, односно Западната трибина, ќе бидат поставени штандови за продажба на пијалаци, кои ќе работат во текот на целиот натпревар.
👉Ги молиме сите посетители да се придржуваат до наведените правила!“.