Вардар супериорно го освои Суперкупот

Вардар го освои и петтиот трофеј годинава, и повторно се запиша во историјата на македонскиот ракомет, како победник на првиот Супер Куп на Македонија.

Во натпреварот што е најава за почетокот на сезоната во домашното првенство Вардар со резултат 30:25 (19:12) го победи Еурофарм Работник.

Годинава Вардар прво триумфираше во регионалната СЕХА лига, потоа во домашниот Куп, во ЕХФ лигата на шампионите и домашното првенство, комплетирајќи ја најплодната клупска сезона во историјата.

Вардар настапи и на Супер Глоуб во Катар (неофицијалното клупско светско првенство) каде го освои третото место.

Вардар ја оправда фаворитската улога против Еурофарм Работник, дури и со комбиниран тим, со бројните измени во седморката и играњето на оние што што поретко влегуваат во игра.

Вардар настапи без Страхиња Милиќ, Лука Циндриќ, Игор Карачиќ, Вуко Борозан кои поради правилото на ограничување на бројот на странски ракометари останаа на трибините заедно со Владо Недановски.

Затоа голманот Даниел Ѓорѓески доби доверба да брани цел натпревар, а во второто полувреме истата шанса ја добија и Тоше Ончев и Мартин Поповски.

По пауза од неколку натпревари во екипата се врати Рожерио Мораеш.

Шишкарев, Кристопанс и Канељас со по четири гола беа најефикасни во редовите на актуелниот европски првак.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе