Вардар убедливо поразен на дебито во Лига Европа (Видео)

Македонскиот шампион Вардар со пораз дебитираше во фазата по групи во Лига Европа. Рускиот гигант Зенит убедливо, со резултат 0:5, успеа да го совлада домашниот тим.

Вардар посака добро да се покаже на своето деби во фазата по групи во Лига Европа, но во текот на 90 минути не успеа посериозно да му се закани по голот на Зенит. Играчите на рускиот тим дојдоа во Скопје по трите бода и тоа го најавија уште од првата минута.

Во шестата минута, по корнерот на Нобоа, Кокорин од пет метри непречен од никого го постигна првиот гол и ја најави лошата вечер за фудбалерите на Вардар.

Раниот гол само дополнитечно го зголеми стравот кај вардаровите фудбалери, кои во првите 15 минути ретко минуваа на противничката половина, а и кога ќе минеа не може да поврзат повеќе од три додавања. Тандемот Нобоа-Краневитер во средината на Зенит се покажа како преголем залак за фудбалерите на скопскиот тим.

Во првиот дел Кокорин уште двапати го казни тимот на Вардар, еднаш со гол и еднаш со асистенција.

Вториот дел стартуваше со поангажирана игра на Вардар и неколку обид да се загрози голот на Лунев, но сепак македонскиот шампион не успеа да стигне до утешен погодок.

До крајот на мечот Вардар како да се опушти и почна да ја контролира топката малку повеќе, но фудбалерите на Зенит покажаа голема концентрација и ја казнија секоја грешка на Вардар. Со головите на Ивановиќ и Ригони тие го поставија конечниот резултат 0:5 и се наметнаа како фаворити за првото место во групата.

„Тешко е кога ќе примиш гол толку рано за потоа да се вратиш во мечот, особено кога имаш против себе квалитетен противник. Голот од корнер беше шок за нас. Потоа не бевме во ситуација да ја градиме играта. Мислам дека победи подобриот тим, а ние треба да научиме од грешките кои ги правевме. Имаме уште пет натпревари во групата и ние треба да се обидеме да се покажеме во добро светло“, изјави тренерот на Вардар, Чеде Јаневски.

Вардар во следното коло му гостува на Розенборг.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Фудбал

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more
 

Спорт

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе