Вардарки останаа без титулата во Лигата на шампиони

Будимпешта, 13 мај 2018 (МИА) - Ракометарките на Вардар беа поразени со минимални 27:26 од актуелниот европски првак Ѓер во финалето на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите.

Исто како лани, по продолженијата Ѓер ја одбрани титулата, а вардарки останаа без посакуваниот европски трофеј.

Во почетокот Ѓер ја искористи предноста на домашниот терен и во поголемиот дел од првото полувреме наметна минимална предност од два поени.

Ракометарките на Вардар првите давесетина минути не наоѓаа решение во нападот.

Благодарение на исклучително добрата одбрана на Амандин Лејно, македонските ракометарки се вратија во ритам и во 25 минута стигнаа до израмнување, а потоа поведоа.

Полувремето продолжи да се игра гол за гол и на паузата се замина со резултат од 9:9.

Целиот втор дел продолжи да се игра поен за поен се до последните секунди и натпреварот во редовиот период заврши израмнето 20:20.

Вардар не успеа да ја ефектуира одбраната на Лејно и да поведе.

Во продолженијата Ѓер некоку пати стигна до минимално водство, но Вардар се доближуваше на гол разлика се до самиот финиш на финалето, кое заврши со победа на унгарските ракометарки од 27:26.

За вардарки ова беше петти настап во низа на завршниот турнир и последен во овој состав, бидејќи на крајот од сезоната странските ракометни ѕвезди го напуштаат македонскиот клуб.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе