Варди: Добивам смртни закани по отказот на Раниери

Напаѓачот на Лестер, Џејми Варди, рекол дека тој и неговото семејство добивале смртни закани, откако минатиот месец менаџерот Клаудио Раниери добил отказ.

Италијанецот Клаудио Раниери девет месеци по сензационалното освојување на титулата во Премиер лигата, поради лошите резултати во новото првенство доби отказ, а медиумите посочија дека Варди бил еден од фудбалерите кои барале менаџерот да биде отпуштен.

„Некаде прочитав дека по натпреварот со Севилја сум бил на некаков состанок, а јас во наведениот период три часа бев во собата за допинг. Луѓето измислија многу работи, потоа тоа медиумите го пишуваат и јас добивам смртни закани. И не само јас, бидејќи им се закануваат на моите деца, на мојата сопруга. Да бидам искрен секојдневно добивам закани. Навивачите не ме сакаат“, ја пренесува BBC изјавата на Варди.

Тој дополнил дека лично нема проблеми да се носи со ситуацијаta, но дека целата приказна многу влијае врз неговото семејство.

„Не е ниту малку пријатно кога некој ќе се обиде да го „пресече“ патот на автомобилот кој го вози вашата сопруга, а децата се на задното седиште. Тоа се има случено многу пати и тоа е застрашувачки“, дополнил Варди.

Напаѓачот рекол дека се обидува да ги игнорира работите кои се случуваат по заминувањето на Раниери и дека се фокусира на борбата за опстанок во Премиер лигата и четвртфиналниот дуел со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.

реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе