КУП НА МАКЕДОНИЈА 2023/2024 ФИНАЛЕ

Вареловски: Не можете да замислите што ќе биде во Кавадарци ако се вратиме со пехарот

Филип Здравески
/ 21.05.2024 / 13:27

Во својата 94-годишна историја Тиквеш за прв пат се наоѓа во ваква шанса да се бори за трофеј. На денешната прес-конференција капитенот Александар Вареловски ги истакна очекувањата не само на тимот, туку на цело Кавадарци.

Фото: Филип Здравески (Кајгана)

„Тиквеш има голема традиција, а сега прв пат ќе играме и во финалето на Купот. Ќе дадеме сѐ од себе, па и повеќе од тоа, за да слави цело Кавадарци. Подготвени сме, имаме позитивен притисок и навистина се надевам дека победа во финалето ќе биде круна на успешната сезона“, рече Вареловски, инаку родум токму од Кавадарци.

Тиквеш е еден од најстарите активни клубови, формиран во далечната 1930 година во тогашното Кралство Југославија. Поминал многу, но никогаш не бил во ситуација да се бори за пехар со ваква тежина. Има две титули републички шампион во Југославија, но тоа се титули во третото по ранг натпреварување на поранешната држава. Има титула и шампион на 3.МФЛ Југ и на 2.МФЛ, но сите се тие мали потфати споредено со Купот на Македонија.

„Ова е мое прво финале во кариерата. Се надевам декла ќе го кренам, пехарот. Кога по 17 години Тиквеш се врати во првата лига, во Кавадарци имаше неверојатно славје. Замислете што ќе биде сега ако од Скопје се вратиме со пехарот, ќе биде нешто незаборавно“, додаде Вареловски на нашето новинарско прашање што за кавадарчани ќе значи куп титула по 94 години од основањето на клубот.

Тиквеш и Воска Спорт куп финалето ќе го одиграат утревечер од 19 часот на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Билетите се веќе во продажба преку MKTickets, а на денот на натпреварот ќе може да се купат и на билетарницата на стадионот.

реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Ало Скопје, критично е!

Read more

Рускиот нафтен гигант на Путин го презема најголемото наоѓалиште на ретки минерали

Read more

Почна сезоната на Близнаци: 4 хороскопски знаци ќе бидат најмногу погодени

Read more

Фудбал

Капело на поткаст си ја отвори душата: За Савичевиќ, Бекам, Малдини, Ибра, Роналдо, Гулит, Баџо, Тоти...

Read more

Барселона добила неверојатна понуда за Јамал

Read more

Ван Нистелрој го напушта Лестер

Read more

Гарначо бесен по финалето: Играв само 20 минути...

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Капело на поткаст си ја отвори душата: За Савичевиќ, Бекам, Малдини, Ибра, Роналдо, Гулит, Баџо, Тоти...

Читај повеќе

Четири држави домаќини на Евробаскет 2029

Читај повеќе

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Читај повеќе

Барселона добила неверојатна понуда за Јамал

Читај повеќе

Ван Нистелрој го напушта Лестер

Читај повеќе

Гарначо бесен по финалето: Играв само 20 минути...

Читај повеќе

Голем гаф на УЕФА: Чеферин остана без медали, тројца играчи на Тотенхем извисија

Читај повеќе
  • play_arrow

Гилџс-Александер е НБА МВП, го стигна Џордан

Читај повеќе

Како Тотенхем ѝ донесе рекорд на Англија во ЛШ?

Читај повеќе