Вашата локација може да се следи од кој било Android телефон - како да се заштитите?

Точните податоци за локацијата од вашиот телефон може да се споделат со други паметни телефони ако сте невнимателни или заборавате.

Поконкретно, вашите движења може да се следат во апликацијата Google Maps на телефонот на друго лице, ако сте ја направиле таа едноставна грешка, предупреди експертот за безбедност, истражувачот Питер Арнтц, кој работи за реномираната компанија за безбедност Malwarebites. Тој детално објасни како случајно следел каде се наоѓа неговата сопруга без да инсталира шпионски софтвер или да ја знае лозинката на нејзиниот телефон.

Излезе дека Google Play Store може да биде совршен начин за следење нечија локација - со ажурирани податоци за локација прикажани во Google Maps. Експертот за безбедност напиша дека сакал да инсталира платена апликација за Android на телефонот на неговата сопруга. Бидејќи веќе купил софтвер за неговиот уред и не гледал причина да го купи повторно, Арнтц се пријавил во апликацијата Google Play Store на паметниот телефон на неговата сопруга и го презел софтверот под листата на претходно купени апликации.

„Сѐ помина добро, но откако ја инсталирав апликацијата и тестирав дали работи, заборавив да се одјавам од Google Play“, објаснува тој на блогот.

Откако се вратил на својот телефон, Арнтц почнал да забележува лажни локации што се појавуваат во неговата историја на локации во Google Maps. За оние што не знаат, Google Maps ги снима сите ваши локации кога ја користите апликацијата. Овие податоци потоа се анализираат за да може апликацијата да ви даде подобри предлози за маршрута - или места во близина на вашата локација, како што се ресторани.

„Ми покажуваше места на кои сум бил, а јас всушност никогаш не сум ги посетил“, рече тој. Се покажа дека апликацијата Google Maps на телефонот на Арнтц всушност ги наведува локациите што неговата сопруга ги посетила - со нејзиниот телефон, со неговиот прфил на Google пријавен во апликацијата Play Store во неговиот џеб.

Откако сфатил што се случило и се одјавил од апликацијата Google Play Store на неговата сопруга, Арнтц открил дека сѐ уште може да ги следи нејзините движења во апликацијата Google Maps.

„Откако се одјавив од Google Play на телефонот на мојата сопруга, проблемот сѐ  уште не е решен. По малку копање, дознав дека мојот профил на Google е додаден на профилите во телефонот на мојата сопруга, но не беше отстранет кога се одјавив“.

Google Maps не е шпионска алатка, но може да постигне сличен резултат

Malwarebites испрати извештај за проблем до Google за да го истакне проблемот. Во меѓувреме, ако претходно сте ги користеле информациите за најава на вашите пријатели и членови на семејството за да избегнете да плаќате повеќе пати за апликации, филмови, е -книги или песни, можеби вреди да проверите кои профили се најавени на вашиот телефон.

За да го направите ова, одете во Поставки> Профили и бекап> Управување со профили. Ова ќе прикаже список на сите профили со дозволи на вашиот уред. Можете да отстраните сѐ што не препознавате, бидејќи ќе има пристап до GPS -податоците собрани од вашиот паметен телефон.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Софтвер

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more

Microsoft ја укинува поддршката за Android апликациите на Windows

Read more

Apple казнет со 1,8 милијарди евра за кршење на правилата за стриминг

Read more

Корисниците на Windows 11 сега можат да ги користат мобилните како веб камери

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе