Соединетите Американски Држави доделија нов пакет воена помош во вредност од 988 милиони долари за Украина како дел од новата програма за набавка на оружје, се наведува во соопштението на Пентагон.
„Министерството за одбрана објави значаен нов пакет за безбедносна помош. Овој пакет помош вклучува дополнителни 988 милиони долари поддршка преку Иницијативата за безбедносна помош на Украина“, се вели во соопштението.
Средствата ќе бидат распределени како дел од програмата за купување ново оружје, а не со отпишување од залихите на американската војска.
Новиот воен пакет за поддршка вклучува муниција за повеќе ракетни фрлачи на HIMARS, беспилотни летала, како и опрема и резервни делови за поправка и одржување на артилерија, тенкови и оклопни возила.