Свет

Вашингтон ќе ги намали пензиите на поранешните претседатели на САД

14. ноември 2017 - 13:35 | К.З.

Поранешните претседатели на САД повеќе нема да имаат пензии од стотина илјади долари, бидејќи тоа го оптеретува буџетот на државата.

Долниот дом на американскиот Конгрес изгласа закон за намалување на платите и останатите бенефиции на поранешните претседатели на САД, и сега останува на Сенатот да го потврди законот.

Според постоечкиот закон, донесен во 1958 година, поранешните претседатели земаат огромни пензии и имаат право на буџет од кој можат да ги плаќаат нивните помошници и одржувањето на канцеларијата. Некогашните претседатели заработуваат и по милиони долари со своите книги и предавања на универзитети, вели Џоди Хајс, автор на новиот закон.

Со оглед на големиот национален долг, американските претседатели треба да бидат пример за штедење, сметаат американските бизнисмени.

Според новиот закон, вкупната годишна пензија на секој од претседателите не би требало да надминува 200.000 долари годишно, а буџетот за канцеларија и соработници ќе изнесува 500.000 долари.

Исто така, буџетот ќе варира, односно во шестата година по излегувањето од функција ќе изнесува 350.000 долари, а во единаесетата ќе изнесува 250.000 долари.

Коментирај