Вашингтон најавува нови царини за Кина

Вашингтон, 11 јули 2018 (МИА) - САД подготвија нов список со кинески стоки со вредност од 200 милијарди долари годишно, за кои сакаат да воведат царини од 10 отсто од септември, изјави американскиот трговски претставник Роберт Лајтхајзер, цитиран од ДПА.

Во списокот се вклучени стотици продукти за храна, како и тутун, хемиски супстанции, автомобилски гуми, храна за домашни миленичиња и електроника.

- Повеќе од една година администрацијата на Трамп настојуваше Кина да ги прекине со нечесна пракса, да отвори пазари и да учествува во вистинска пазарна конкуренција. Од пред многу години Кина воведе непропорционални трговски мерки по однос на интелектуалната сопственост и иновации", изјави Лајтхајзер при објавувањето на предлозите.

Владата на САД ја обвинува Кина дека „спонзорира кражба на технологии на САД".

- Како одговор на кинеските противмерки и со оглед дека Кина не го менува своето однесување, претседателот нареди трговскиот претставник да почне процес со цел наметнувањее царини од 10 отсто на дополнителен увоз вреден 200 милијарди долари, изјави Лајтхајзер.

Минатата седмица САД воведоа царини од 25 отсто за кинески стоки вредни 34 милијарди долари, а Кина одговори со реципрочни мерки за САД.

Претседателот Доналд Трмпп се изјасни дека, во крајна сметка, може да воведе царини за кинески стоки за околу 500 милијарди долари, што практично е еднакво на вкупната вредност на кинескиот извоз во САД за минатата година.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе