Вашите фотки на Instagram откриваат дали сте депресивни

Фотографиите што ги објавувате на Instagram може да кажат повеќе за вас од тоа што сте јаделе, каде сте биле и дали сте уживале на летување. Објавите на оваа социјална мрежа може да покажат и дали сте во депресија.

Едно најново истражување што го спроведоа научници од универзитетите Харвард и Вермонт укажува дека луѓето со историја на депресија споделуваат повеќе фотографии, користат помалку филтри и објавуваат фотографии во темни и сиви нијанси.

Во резултатите од истражувањето се наведува дека Instagram и другите социјални мрежи може да бидат одлична алатка за истражување на менталната состојба на луѓето. Претходни истражувања покажаа дека зборовите што ги употребувате во објавите на Twitter и Facebook може да укажат дали сте или не сте во депресија.

Новото истражување покажа дека истото може да се увиди и врз основа на визуелните содржини што ги објавувате.

Научниците анализирале повеќе од 43.000 фотографии од 166 корисници од кои 71 имале историја на депресија.

Со помош на машина ги анализирале боите, светлината, филтрите и сите други алатки што се користат за обработка на фотографии.

Откриле дека луѓето кои се во депреија објавуваат повеќе фотографии што се потемни, со сиви, сини или црни нијанси.

Овие луѓе исто така помалку користеле филтри, а ако веќе ги користеле избирале Inkwell, филтер за црно-бела обработка на фотографијата.

Психички стабилните личности најмногу ја сакаат опцијата Valencia што ги осветлива фотографиите. Луѓето кои се во депресија почесто го фотографираат сопственото лице, односно прават селфија, за разлика од луѓето кои не се депресивни и објавуваат различни фото содржини.

Во истражувањето е нагласени дека реултатите не се однесуваат на сите корисници на Instagram и дека иако биле анализирани илјадници фотки, тие сепак биле објавени од релативно мал број луѓе во споредба со бројот на корисници на социјалната мрежа.

Во истражувањето биле вклучени луѓе кои се активни на Instagram и им дозволиле на научниците да имаат увид во нивните здравствени картони.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе