Вашите карактерни особини откриваат многу за вашето здравје

Дали сте зборливи, непоправливо романтични или пак сте кавгаџија и „молчелива“ личност? Овие ваши особини можат да влијаат на вашето здравје.

Психолозите велат дека постојат шест типови на личности, а еве како тие го одредуваат здравјето на луѓето.

Позитивни

Позитивните луѓе се обично расположени за  разговор, друштвени се и сакаат да бидат „во срцето“ на забавата. Меѓутоа, последната наведена особина може да биде и негативна бидејќи често ги охрабрува да усвојат некои лоши навики како прејадување, претерано внесување на алкохол, а тоа го зголемува ризикот од дебелеење и хронични болести како дијабетес или болести на срцето.

Личности кои се согласуваат со сите

Тоа се луѓе од доверба, кои приврзаноста кон некого ја покажуваат без проблеми, иако прават компромис и над се сакаат добро да се согласуваат со сите.

Меѓутоа, тие се изложени на голем ризик од дебелеење и здравствени проблеми поврзани со стрес, како и од дијабетес, а тоа е најмногу поради тоа што сакаат да им погодат на сите.

Научниците при спроведувањ на експеримент утврдиле дека доколку двајца пријатели нарачат десерт, личноста која е од ваков карактер ќе се потруди да внесе иста количина на храна само з пријателот да не се чувствува непријатно.

Отворени

Во овој тип на личности спаѓаат луѓе кои имаат многу развиена фантазија и се љубопитни. Тие сакаат да пробаат нови искуства и имаат многу различни интереси.

Доколку влегувате во оваа група, имаме добра вест за вас – истражувањата велат дека овие особини добро влијаат на општото здравје.

Колку овие особини се поистакнати, толку е помал ризикот од инфаркт, срцеви заболувања и зголемен крвен притисок.

Невротични

Невротичните луѓе се емоционално нестабилни, анскиозни, депресивни, често го менуваат расположението и ги иритираат дури и секакви ситници.

Невротичните личности кои константно се загрижени поради нешто се со поголеми шанси за развој на некои заболувања во подоцните години од животот, покажа истражување во Мичиген.

Романтични

Лицата кои се романтични почесто се гушкаат и се бакнуваат со својот партнер. Романтичните лица имаат и понизок крвен притисок и понизок пулс во однос на оние кои немаат толкав физички контакт со партнерите.

Кавгаџии

Луѓето кои постојано влегуваат во кавги често чувствуваат во себе бес и лутина, а тоа ги прави да бидат зависни од никотин, нездрава исхрана, и обично се физички неактивни.

Овие лица се со поголем ризик од дебелеење, зголемен крвен притисок и холестерол.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Здравје

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more
 

Магазин

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе