Вашите животи на сцена: Wonderland Theatre со повик до публиката да ги сподели нераскажаните приказни

Александра Спасеска
/ 09.04.2021 / 18:12

Wonderland Theatre подготвува нова претстава во режија на Нела Витошевиќ, насловена „Работи за кои не збориме“, која ќе биде заснована врз лични приказни на публиката и актерите.

„Болка, траума, срам, осуденост, злоупотреба, безизлез, параноја, несоница, неприфатеност, лажна насмевка, крварење, изгубен апетит, брзо возење, тресење под јорган, голтање апчиња, повраќање во шолја, зјапање во празно, плачење под наочари, бегство, триење под туш, губење здив, заглавеност во момент од животот... Дали имате некоја приказна која ви тежи и ве прогонува, а сѐ уште не сте собрале храброст да ја раскажете?“, гласи повикот на Wonderland Theatre до публиката да ги сподели личните искуства кои ги потиснуваме во себе, а „не сме имале храброст да ги споделиме“.

„Вашите сведоштва/приказни ќе бидат инспирација за нашата театарска претстава, а анонимноста ќе ви биде зачувана.  Театарот нѐ тера да погледнеме длабоко во себе и да го соочиме општеството со неговата искривена слика. Преку претставата сакаме да им дадеме глас и лице на работите за кои не зборуваме и да мотивираме разговор и промена во општеството. Секоја приказна заслужува да биде раскажана, секоја стега отклучена и секоја неправда посочена“, велат од „Wonderland Theatre“.

Линковите на кои ќе можат да се споделуваат приказните се:

https://www.wonderlandtheatre.org/raboti-za-koi-ne-zboruvame

https://www.wonderlandtheatre.org/gjera-per-te-cilat-nuk-flasim

Проектот е финансиран од страна на Швајцарска амбасада во Република Северна Македонија со поддршка од Министерството за култура и во соработка со Македонскиот народен театар.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе