Ватикан ѝ врати на Грција делови од Партенон стари повеќе од 2.000 години

Ватикан ѝ врати на Грција три фрагменти од скулптурите на Партенон. Одлуката за враќање на артефактите стари 2.500 години минатата година ја објави папата Франциск, кој одлуката ја опиша како гест на пријателство. Еден од фрагментите е глава на момче, друг глава на коњ, а третиот глава на човек со брада.

Пронајдените фрагменти беа откриени на церемонија во Музејот на Акропол во Атина, изложбен простор наменски изграден за да се сместат мермерите на Партенон.

Грчките власти посочија дека враќањето на фрагментите е чекор кон натамошното враќање на скулптурите на Партенон, пред се мислејќи на многу поголемата колекција што се чува во Британскиот музеј, а која Грција се обидува да ја врати со децении.

Двете земји се скараа околу скулптурите земени од храмот од страна на лордот Елгин, тогашниот британски амбасадор во Отоманската империја, кој потоа ги продаде на британската влада.

Артефактите, познати и како Елгински мермери, се изложени во Британскиот музеј каде што се наоѓаат. Нивното враќање во Грција е еден од најпознатите случаи на реституција во светот на уметноста.

Грчката министерка за култура, Лина Мендони, ја опиша одлуката како херојска, додавајќи дека „иницијативи како овие го покажуваат патот што можеме да го следиме... за да го вратиме единството на Партенон“. Во првичниот обид да избегне контроверзии, Ватикан беше внимателен да го нарече враќањето „донација“ на православниот архиепископ на Атина и на цела Грција, Јероним II, наместо трансфер од држава во држава.

Понудата била веднаш прифатена од Јероним II кој рекол дека фрагментите ќе одат во музејот на Акропол. На церемонијата во Атина тој го опиша гестот на папата Франциск како „од историска важност“. Тој, исто така, ја изрази својата желба „да и другите треба да се угледаат на тоа“.

Британскиот музеј е спречен со закон трајно да врати уметнички дела во Грција, но извештајот минатата година сугерираше дека е постигнат напредок во изнаоѓањето решение.

Во јануари, британски Daily Telegraph објави дека е склучен договор меѓу претседателот на музејот, поранешниот канцелар Џорџ Озборн, за да се дозволи тие да бидат вратени како дел од договорот за размена.

Растечката јавна поддршка во Британија, исто така, беше поздравена како оптимистички знак во Грција.

Обраќајќи се на церемонијата на репатријација како водач на делегацијата на Ватикан, бискупот Брајан Фарел рече дека гестот „има посебно значење во сѐ посилната потврда на пријателството и духовната блискост меѓу нашите Цркви“, според CNN.

реклама

Вести

Со УВ светло откриле скриено поглавје во Евангелието по Матеј

Read more

Кина првпат испраќа цивилен астронаут во вселената

Read more

Јапонија планира да пренесува соларна енергија од вселената на Земјата

Read more

Париз предупреден: Денеска ќе „наврне“ 40 килограми пластика

Read more
 

Гик

Како да проверите дали некој ви ја „хакнал“ лозинката?

Читај повеќе

Со УВ светло откриле скриено поглавје во Евангелието по Матеј

Читај повеќе

Кина првпат испраќа цивилен астронаут во вселената

Читај повеќе

Нови детали за телефонот кој треба да биде конкуренција на iPhone

Читај повеќе

Јапонија планира да пренесува соларна енергија од вселената на Земјата

Читај повеќе

Париз предупреден: Денеска ќе „наврне“ 40 килограми пластика

Читај повеќе
  • play_arrow

Стигна конкуренцијата: Полета првиот кинески патнички авион C919

Читај повеќе

Twitter се повлече од доброволниот кодекс на ЕУ во борбата против дезинформации

Читај повеќе
  • play_arrow

Компанија на Маск доби дозвола да тестира мозочни чипови на луѓе

Читај повеќе