„Ваучерскиот туризам“ ги пополни капацитетите во Дојран до 10 август

Гевгелија, 25 јули 2020 (МИА) – Комерцијалните сместувачки капацитети во сите хотели на дојранскиот брег, од почетокот на месецот па најмалку до 10 август, се полни до последно место од домашни гости кои престојот си го резервираа со туристичките ваучери, поради што хотелиерите велат дека ова им е период на ,,ваучерски туризам“ во Дојран.

Хотелиерите и угостителите се едногласни во оценката дека Дојран годинава, како никогаш досега во јули, не бил толку полн со гости, што е забележливо на плажите, шеталиштето и по угостителските објекти.

– Речиси на сите подеднакво ни недостасуваат странските гости, особено српските кои уште од почетокот на јуни транзитираа низ земјава и барем по една ноќ преспиваа во Дојран на нивниот пат кон грчките плажи. Едноставно се чувствува празнина од нив и негативен финаниски ефект врз дојранскиот туризам, но што е тука е. Стравот и заштитата од корона вирусот се чувствува на секаде, а дел од него на свој грб ќе понесеме и ние, велат дојранските хотелиери.

Кон нивното мислење се приклучуваат и приватните издавачи на легла кај кои до празникот Илинден сѐ уште може да се најде по некое слободно место, односно слободни се околу 30 отсто од расположливите легла кои во деновите до празникот, поради големиот интерес, ќе бидат пополнети.

Порелаксирана атмосфера во комерцијалните и приватните капацитети се очекува по 10 август, период кој инаку се смета за шпиц на туристичката сезона во Дојран. Од тој период веќе може да се резервираат места по цени од 1.200 денари ноќевање со појадок во хотел ,,Полин“ 1.200 денари полупансион за лице во хотел ,,Истатов“ 1.400 денари за полн пансион за лице во хотелите ,,Полин,“ и ,,Истатов“ па сѐ до 3.140 денари ноќевање со појадок за двајца во најрепрезентативниот хотел ,,Романтик“. Цената за изнајмување апартмани изнесува 1.200 денари од ден, а кревет кај приватните издавачи чини 350 денари од ноќ.

Во сите хотели, приватните сметувачки капацитети и угостителските објекти се почитуваат протоколите за работа и доследно се применуваат пропишаните мерки за заштита од ширење на коронавирусот што не може да се каже дека однесувањето на гостите е исто и надвор од објектите, поточно на плажите и шеталиштето каде очигледно е групирањето на гостите без заштитни маски и неодржувањето на физичката дистанца како основни мерки за заштита од COVID-19.

Една недела пред празникот Илинден се огласи и градоначалникот Анго Ангов со апел до посетителите во прв ред да ги имаат предвид заштитните мерки против пандемијата на коронавирусот.

– За нас ќе бидат добредојдени сите гости до кои уште сега апелирам на пристојно однесување и примена на заштитните мерки од причина што навистина голема ќе биде концентрацијата на луѓе на едно место. Ако се земе предвид дека Дојран уште сега е полн и дека за време на продолжениот викенд во Дојран на дневна основа ќе доаѓаат најмалку уште по десетина илјади гости, тогаш не е тешко да се насети како ќе биде по плажите, на шеталиштето,по парковите и во угостителските објекти, нагласи Ангов.

Тој посочи дека деновиве ќе се сретне со регионалните градоначалници за да изградат заедничка стратегија за засилена контрола од надлежните институции со цел да дејствуваат повеќе превентивно отколку репресивно за да се подига свеста кај гостите од неминовна потреба на самозаштита.

Во тој правец апел упати и епидемиологот Сашо Олумчев од ПЕ на Центарот за јавно здравје од Гевгелија преку кој се покрива и територијата на општина Дојран. Конкретно тој апелираше до младите луѓе за време на престојот на плажа и други места во Дојран, да не се однесуваат потценувачки кон вирусот, да применуваат заштитни средства и да не мислат дека токму тие не можат да се инфицираат од невидливиот вирус и подмолниот непријател кој демне од сите страни.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Македонија

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Read more

Османи ги откажа денешните партиски активности поради здравствени причини во семејството

Read more

ДУИ: Не постои вага што може да го измери развојот на државата со политиките на Ахмети

Read more

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Read more
 

Вести

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе

Османи ги откажа денешните партиски активности поради здравствени причини во семејството

Читај повеќе
  • play_arrow

Украинците објавија снимка: Вака изгледа град под руски напад

Читај повеќе

ДУИ: Не постои вага што може да го измери развојот на државата со политиките на Ахмети

Читај повеќе

Макрон откри: Во случај на терористичка закана, имаме резервни планови за отворање на ЛОИ

Читај повеќе

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Читај повеќе

Доларот е на највисоко ниво во последните пет месеци

Читај повеќе
  • filter

Нов сквер со футуристичка инсталација ќе го разубави платото пред Општина Центар

Читај повеќе

МНР реагирало до Европскиот парламент за северномакедонска влада: Грешката е коригирана

Читај повеќе