Со вечерашните натпревари започнува овосезонското издание на Лигата на шампионите, 69-то по ред во кое се натпреваруваат 32 елитни европски клубови.

Манчестер Сити ќе го брани освоениот трофеј и, судејќи според обложувалниците, е убедлив фаворит за одбрана на титулата освоена во ланското финале против Интер.
За најголеми конкуренти на „Граѓаните“ се сметаа Реал Мадрид и Баерн, додека останатите тимови имаат многу мали шанси да го подигнат посакуваниот трофеј на 1 јуни на иконскиот „Вембли“. Сепак, мора да се внимава на одличниот Интер, кој и лани никој не го сметаше за конкурент, но стигна на чекор од пехарот.
Македонија во овосезонското издание на Лигата на шампионите ќе ја претставува само еден играч - Елиф Елмас во Наполи. Неговиот тим е во групата Ц заедно со Реал Мадрид, Брага и дебитантот Унион Берлин. Утре вечер од 21 часот Наполи гостува кај португалска Брага на „Мунисипал де Брага“ стадионот, а пренос ќе има на Arena Premium 3.
Од клубовите од регионот ќе играат Црвена звезда и Галатасарај. Белграѓаните веќе во првото коло ќе гостуваат во Манчестер кај бранителот Сити.
Во секоја рунда еден сет од четири групи ќе ги игра своите натпревари во вторник, додека другиот сет ќе се игра во среда, при што двата сета групи наизменично ќе се менуваат помеѓу секое коло, како и во претходните сезони. По два натпревара секој ден ќе се играат во терминот од 18:45 часот, додека останатите од 21.
За денеска и утре е закажано првото коло од групната фаза, а последното коло се игра на 12 и 13 декември. Нокаут фазата започнува на 13 февруари следната година, а финалето е закажано за 1 јуни на „Вембли“ во Лондон.
Правата за преноси за територијата на Македонија ги има Arena, но договорот со МРТ важи и оваа сезона, па така еден натпревар во среда ќе оди на македонскиот национален сервис со коментар на македонски јазик.
Вторник:
Милан - Њукасл (18:45 - Arena Premium 3)
Јанг Бојс - Лајпциг (18:45 - Arena Premium 2)
Барселона - Антверп (21:00 - Arena 2)
Фејнорд - Селтик (21:00 - Arena 3)
Лацио - Атлетико (21:00 - Arena Premium 3)
Манчестер Сити - Црвена звезда (21:00 - Arena Premium 1)
ПСЖ - Борусија Дортмунд (21:00 - Arena Premium 2)
Шахтар - Порто (21:00 - Arena 4)
Среда:
Галатасарај - Копенхаген (18:45 - Arena Premium 2)
Реал Мадрид - Унион Берлин (18:45 - Arena Premium 1)
Арсенал - ПСВ (21:00 - Arena Premium 2)
Баерн - Манчестер Јунајтед (21:00 - МРТ1)
Бенфика - Салцбург (21:00 - Arena 4)
Брага - Наполи (21:00 - Arena Premium 3)
Реал Сосиедад - Интер (21:00 - Arena 3)
Севиља - Ланс (21:00 - Arena 2)