УЕФА СУПЕРКУП ВАРШАВА 2024

Вечерва се игра УЕФА Суперкупот: Тешка повреда го потресе Реал, Аталанта за историја

Вечерва за трофејот во Суперкупот на Европа во Варшава ќе играат освојувачот на Лигата на шампионите, Реал Мадрид, и освојувачот на Лига Европа, Аталанта, а мечот имаше многу лоша најава за „Кралевите“.

Имено, играчот од средниот ред на Реал, Едуардо Камавинга, заработи тешка повреда на последниот тренинг, поради што нема да може да игра, а постои сомневање дека му се оштетени лигаментите на коленото.

Беше во дуел со Орелјан Чуамени, изгуби рамнотежа, се лизна и падна, а соиграчите со неверување гледаа што се случува, додека Лука Модриќ дури и се фати за глава.

Реал се надева дека дополнителните тестови нема да ги потврдат црните прогнози и дека Камавинга многу брзо ќе се врати на теренот.

Инаку, Модриќ би требало да биде во стартниот тим на Реал, заедно со Џуд Белингам и Федерико Валверде во средниот ред.

За Лука овој натпревар претставува можност за 27. трофеј во дресот на Реал, со што би станал најтрофејниот фудбалер во историјата на Кралскиот клуб.

Аталанта ќе биде значително ослабена, бидејќи не играат Теун Коопмејнерс, Николò Ѕаниоло, Џанлука Скамака, Џорџо Скалвини и Рафаел Толои.

„Едвај чекаме да започне натпреварот со Аталанта. Играме за првиот трофеј во сезоната, кој бара многу. Сакаме да ја започнеме сезоната силно, свесни сме за предизвиците. Тимот изгледа добро иако немавме многу тренинзи, но мотивирани сме за натпреварот“, изјави тренерот на Реал, Карло Анчелоти, најавувајќи го натпреварот.

Од друга страна, Џан Пјеро Гасперини верува дека неговиот тим може да му парира на актуелниот европски првак.

„Играме против најуспешниот клуб во светот, ќе ја вложиме сета наша гордост во обидот да одиграме одличен натпревар. На хартија уште помали се шансите да победиме отколку против Баер Леверкузен, но мотивацијата е уште поголема за нас. Тоа не се случува секогаш, но во фудбалот понекогаш може да се надминат прогнозите“, изјави тренерот на Аталанта.

Натпреварот помеѓу Реал и Аталанта е закажан за вечерва од 21 часот, а доколку по 90 минути нема победник, веднаш ќе започне пенал рулетот.

Преносот во живо ќе може да се гледа на Arena Premium 1.

реклама

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more

Mercedes-Benz од 2026 година ќе започне со производство на автомобил со drive-by-wire систем

Read more

Зошто папата не може да биде донатор на органи?

Read more

Фудбал

Вардар со службен резултат ја доби Воска, четири високи казни за инцидентите по мечот Струга - Гостивар

Read more

Модриќ доби 30-дневен договор со Реал

Read more

Вардар и Струга ќе играат во финалето на Купот на Македонија

Read more

Интер во една недела игра против Милан, Рома и Барселона

Read more
 

Спорт

Вардар со службен резултат ја доби Воска, четири високи казни за инцидентите по мечот Струга - Гостивар

Читај повеќе

Модриќ доби 30-дневен договор со Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Вардар и Струга ќе играат во финалето на Купот на Македонија

Читај повеќе

Интер во една недела игра против Милан, Рома и Барселона

Читај повеќе

Зошто поранешните пријатели и соиграчи се игнорираат еден со друг?

Читај повеќе

Конор Мекгрегор откри под кој услов повторно би се борел

Читај повеќе

Се менуваат три правила во нокаут фазата во ЛШ?

Читај повеќе

Консејсаун: За Интер не ни треба дополнителна мотивација

Читај повеќе
  • play_arrow

Лејкерс израмнија против Минесота, Дончиќ на прагот на трипл-дабл

Читај повеќе