Велешанецот кој побегна откако смртно прегази 11-годишно девојче призна вина пред судот

Триесетгодишниот велешанец Ангелче Николов, кој возејќи пијан на 17 декември лани во 22:15 часот на пешачки премин ја прегази 11-годишната Магдалена Иванова, која почина на местото на несреќата, а тешко ја повреди нејзината мајка, а потоа избега и два дена се криеше од полицијата, денеска на првото рочиште од судењето во Основниот суд во Велес ја призна вината и му се извини на семејството на девојчето.

-Признавам вина и се каам за стореното дело  и му се извинувам на семејството и на јавноста, рече Николов.

Тој побара поблага казна, и додаде дека е свесен за последиците од признанието, добивањето на затворска казна, како и плаќањето оштета и трошоци.

Поради тоа што обвинетиот го призна делото не беа сослушани сведоци.

Неговиот адвокат Андреја Весов не сакаше да ја коментира можната пресуда и пред новинарите изјави дека останува да ја чека пресудата која ќе биде изречена овој петок во 12 часот.

-Обвинетиот си го призна делото во целост искрено се покаја свесен е за последиите од кривичното дело и за санкцијата, рече адвокатот Весов.

Обвинителката Славица Темелковски воедно побара од Судот при изрекување на пресудата да има предвид и тоа дека Ангелче Николов претходно два пати бил казнуван за возење во алкохолизирана состојба и што по несреќата два дене се криел од полицијата.

Таа за новинарите информира дека Николов во моментот кога го возел „мерцедесот“ бил со одземена возачка дозвола и во алкохолизирана состојба.

-После воведниот говор обвинетиот ја призна вината за сторените кривични дела. Ова не е некоја новина бидејќи и при давањето на исказот во текот на истражната постапка обвинетиот и тогаш го призна извршувањето на двете кривични дела. Исходот зависи од одлуката на Судот, појасни обвинителката Темелковски.

Правниот застапник на семејството на загинатото девојче, Јанаки Митровски, од Обвинителството побара да се истражи кој два дена го криел сторителот и истовремено не се согласил ни со квалификацијата на повредата на мајката на Магдалена. Митровски наместо лесна барал одговорност за тешка телесна повреда.

-Не сум јас тој што треба да суди распонот на санкција којашто може да ја добие обвинетиот е 4 до 20 години затвор. Точно е тоа што го кажа колешката дека поднесов кривична пријава против тројцата останати сопатници во возилото за време на несреќата, рече Митровски.

Семејството на 11-годишната Магдалена Иванова која трагично загина во несреќата на 17 декември лани се приклучија на прогонот, но денеска поради голема болка не без присутни на судењето. Според нивниот адвокат не сакале да присуствуваат со што ќе ја продлабочат својата болка.

Tешката  несреќата се случи на 17 декември лани  вечерта во 22:15 часот  на улицата „Борис Трајковски“ во близина на Основното училиштето „Васил Главинов“ во Велес, каде што учеше и девојчето.

Во тој момент сега обвинетиот Ангелче Николов, кој возел со голема брзина, не застанал на местото на тешката сообраќајна несреќа туку продолжил да вози. Тој по два дена  криење од полицијата сам се пријави во Полициска станица Велес.

Судијката Габриела Гајдова пресудата за обвинетиот Ангелче Николов ќе ја изрече во петок во 12 часот.

реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Хроника

На скопскиот аеродром запленети над 43 килограми златен накит

Read more

На Богородица во едно деноноќие лишени од слобода 4 лица поради фалсификувани исправи

Read more

18 години затвор за возачот кој на пешачки усмрти 11-годишно девојче

Read more

Откриена лабораторија за амфетамин во Скопје и запленета дрога од половина милион евра

Read more
 

Вести

Груби: Работиме на тоа цело ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени

Читај повеќе

Ќе се основа национална установа Оркестар за џез музика во Скопје

Читај повеќе

Најубавата плажа на Закинтос годинава ќе биде затворена за туризам

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Обврска на сите е да го продолжиме патот на државата кон ЕУ

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Спречено организирано бегство од Идризово, откриен 40-метарски тунел

Читај повеќе

Судењето за „Ласкарци“ продолжува на 30 март

Читај повеќе

Во затворот Идризово откриен тунел за бегство

Читај повеќе

На скопскиот аеродром запленети над 43 килограми златен накит

Читај повеќе

Секс скандалот му се удри од глава: Дали Доналд Трамп ќе биде уапсен денеска?

Читај повеќе