Ноќното небо синоќа беше сцена на која се одигра средба што се немаше случено речиси 400 години.

Планетите Јупитер и Сатурн беа во позиција најблиску една до друга. Порамнувањето на траекторите на овие две планети е многу ретко, а планетите изгледаа многу блиску една до друга.
Ваквата глетка последен пат била видена од Земјата на ноќното небо во 1623. Сепак, временските услови за набљудување на феноменот биле подобри претходниот пат, на 4 март, 1226 година.
Скопското астрономско друштво објави дека „за жал и овој пат облаците нѐ спречија во намерата да го набљудуваме реткиот феномен на конјукција на најубавите планети за наљудување низ телескоп - Јупитер и Сатурн“.
Сепак, од други места низ светот имаше непречен поглед на ретката глетка. А многумина и го фотографираа феноменот.
Скопското астрономско друштво ја издвои фотографијата на „еден од најдобрите, ако не и најдобар астроном аматер кој фотографира планети“ - Демијан Пич.
„За да ја направи фотографијата која ја гледате користел телескоп со дијаметар од 1 метар, во Чиле. Она што го гледате на фотографијата најприближно го отсликува тоа што би го виделе низ телескоп, доколку времето беше ведро“, пишуваат од Скопското астрономско друштво на нивната Facebook страница.
Jupiter/Saturn conjunction captured on Dec 21st 00:18...
Posted by Damian Peach on Monday, December 21, 2020