Велика Британија прогласи период на национална жалост за кралицата

Британската Влада денес официјално го прогласи почетокот на периодот на национална жалост за смртта на кралицата Елизабета Втора.

Во документот со упатства за веење знамиња, информации за патување и други деловни и јавни услуги, се наведува дека жалоста ќе трае до крајот на денот на државниот погреб.

Владата соопшти дека нема обврска за откажување или одложување спортски и други настани и затворање на места за забава во тој период, додавајќи дека тоа е дискреционо право на поединечни организации.

Бакингемската палата претходно соопшти дека периодот на жалост на британското кралско семејство за кралицата Елизабета Втора ќе трае од сега до седмиот ден по погребот. Датумот на погребот на кралицата сè уште не е потврден.

„По смртта на Нејзиното Височество Кралицата, желбата на неговото височество кралот е од сега до седум дена по погребот на кралицата да се почитува период на кралска жалост“, се вели во соопштението.

Одделно од националната жалост, кралската жалост треба да ја почитуваат „членовите на кралското семејство, персоналот на кралското домаќинство и претставниците на кралското домаќинство на службени должности, заедно со трупите посветени на церемонијалните должности“.

Знамињата на кралските резиденции од вчера се на половина копје, и ќе останат на половина копје до 08:00 часот наутро на последниот ден од кралската жалост.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Свет

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе