Хроника

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во скопско

19. ноември 2019 - 8:38 | МИА

Скопје, 19 ноември 2019 (МИА) – Велосипедист  бил тешко повреден во една од вкупно 11 сообраќајни незгоди случени во текот на вчерашниот ден. Во пет сообраќајки со полесни повреди се здобиле пет лица, а во пет била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала еден возач кој се движел со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила еден возач кој го управувал возилото под дејство на алкохол и шест возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило, како и две нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и двајца возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи за не носење сигурносен појас, како и еден возач кој користел мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин.

Затекнати биле 46 возила непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 61 возило. 

Коментирај