Венеција тестира нов систем за заштита од поплави

Венеција денеска го почна првото општо тестирање на контроверзниот нов систем на браната, чија цел е заштита на градот од големи поплави.

Проектот МОСЕ, вреден 5,5 милијарди евра, е проследен со корупциски скандали, а притоа го надмина лимитот на буџетот и крајниот рок за изведба. Градежните работи почнаа во 2003 година и се очекува да биде завршен во декември 2021 година.

– МОСЕ е извалкан од јасни епизоди на корупција и криминал, но да се фокусираме на целта: сите треба да се надеваме дека системот ќе функционира, изјави италијанскиот премиер Џузепе Конте, кој отпатува во Венеција за да го означи почетокот на тестирањето.

Инженерите изградија брани на три влеза во Венецијанската лагуна што треба да се активираат кога нивото на водата надминува 1,1 метар.

На денешното тестирање, тие брани, составени од 78 подморски мобилни бариери, односно челични порти, треба да бидат подигнати во исто време по првпат. Нивната цел е да спречат плимен бран од Јадранското Море да ја поплави Венецијанската лагуна.

Градоначалникот на Венеција Луиџи Бруњаро напиша на Twitter дека МОСЕ е „огромно достигнување“ и резултат на „италијанската досетливост“, иако реализацијата на проектот доцни.

Заштитата од поплави е клучна за Венеција, особено откако речиси рекорден бран од 187 сантиметри во ноември му нанесе огромна штета на градот заштитен од УНЕСКО.

Оние што го критикуваат МОСЕ се сомневаат во неговата ефикасност, додека други велат дека ќе направи повеќе штета отколку добро за чувствителниот екосистем на лагуната.

Локалниот весник La Nuova Venezia објави дека шест од 78-те мобилни бариери на системот не функционирале добро на делумното тестирање пред неколку дена.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Вести

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Read more

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Read more

Заврши историската приватна мисија на Intuitive Machines, лендерот заспа засекогаш

Read more

Повлечена студијата која тврди дека во Индонезија е пронајдена 27.000 години стара пирамида

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе