Каракас, 23 јули 2019 (МИА) – Повеќе од половина сојузни држави во Венецуела останаа беа струја, информираат невладини организации и социјални мрежи, а властите го припишаа тоа на „електромагнетски напад“.
Поради прекинот во снабдувањето со електрична енергија, престана да работат 94 отсто од телекомуникациската инфраструктура во државата, објави невладината организација Нетблокс.
Првпат после март, и во Каракас снема струја.
Претседателот Николас Мадуро смета дека САД и опозицијата се одговорни за снемувањето струја, додека опозицискиот лидер Хуан Гуаидо ја обвинува корупцијата и лошото менаџирање.