Венгер би можел да заврши во ПСЖ

Арсен Венгер после 22 години одлучи да ги напушти редовите на Арсенал, потклекна пред притисокот од сите страни и одлучи да се повлече од саканиот клуб.

Така, тој ќе си замине една година пред истекувањето на соработката со клубот, а се очекува притоа да добие и голема отштета за последниот договор кој претходно го потпиша со клубот, но Французинот нагласи дека неговото заминување од Арсенал не значи и повлекување од фудбалот.

Британските медиуми сега пренесуваат дека Венгер, од наредната сезона би можел да биде претседател на новиот првак на Франција, Парис Сен Жермен.

„Светците“ минатиот викенд си ја обезбедија седмата титула во историјата на клубот, но и покрај тоа се очекува Емери да си замине, а на клупата да го наследи Томас Тухел, кој долго важеше за главен кандидат за клупата на Арсенал, па така Венгер во продолжение на кариерата би можел да соработува со човекот за кој многумина веруваа дека би можел да го наследи во Северен Лондон.

Идејата на управата на клубот од „Паркот на принцовите“ е Тухел од лето да биде шеф на стручниот штаб на тимот, а искусниот Венгер да стане претседател, па така во ПСЖ би можеле да го искористат големото знаење на Венгер, но и предолгата листа на контакти, со која Французинот се стекна за 22 години работа во редовите на Арсенал.

Идејата е јасна, ПСЖ силно посакува да ја освои Лигата на шампионите, а се чини дека ова е вистинскиот рецепт за такво нешто.

Останува да видиме дали Венгер е подготвен за нова улога во фудбалскиот свет, или можеби и понатаму сака да продолжи да тренира, за што несомнено ќе добие бројни понуди во наредниот период.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more
 

Спорт

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе