Венгер: Подготвен сум повторно да работам од следниот јануари

Премиер лигата по крајот на минатата сезона остана без еден од нејзините најпрепознатливи ликови – Арсен Венгер. Поранешниот тренер на Арсенал размислува на враќање во тренерската професија и се надева дека тоа би можело да се случи уште во почетокот на 2019 година.

Арсен Венгер вели дека планира да се врати на клупата во јануари следната година, но и понатаму не е сигурен дали неговата следна работа ќе биде во клуб или во национален тим.

По крајот на минатата сезона Венгер го напушти кормилото на Арсенал и на неговото место дојде Шпанецот Унаи Емери, кој успеа да го донесе лондонскиот клуб до неговата омилена позиција – четвртото место на табелата.

Венгер помина 22 години на клупата на Арсенал и голем дел од медиумите шпекулираа дека крајот на неговата авантура во Лондон ќе значи и крај на неговата тренерска кариера. Сепак, тој инсистира дека ќе се врати на тренерската позиција и веќе има понуди за таков ангажман.

„Изгледа дека ќе се вратам во фудбалот. Верувам дека ќе почнам со работа на 1 јануари наредната година, но уште не знам каде ќе биде тоа. Одморен сум и подготвен сум повторно да работам“, изјави Венгер.

Тој не потврди каде ќе биде неговиот следен ангажман, ниту пак дали се работи за клупата на некој клуб или ќе ја преземе селекторската функција во некоја репрезентација. На почетокот на оваа сезона Венгер беше поврзуван со позицијата спортски директор на ПСЖ, но според него не постојат шанси за работа на некоја друга позиција освен тренерската.

„Постојат репрезентации и клубови кои веќе доставија понуда до мене. Следниот ангажман може да биде дури и во Јапонија, каде веќе имам работено. Благодарение на изминатите 22 години поминати во Арсенал имам опции за работа секаде низ светот“, рече Венгер.

Арсенал ја почнаа сезоната многу бавно, но сега се наоѓаат во одлична победничка серија која ги искачи на четвртото место на табелата. Нападот на тимот работи како подмачкан под водство на Емери и по неколку години ентузијазмот повторно се враќа на Емирати.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Фудбал

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Read more

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Read more
 

Спорт

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе

Ангеловски распали по ФФМ и Милевски: Наместо подобрување, со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација

Читај повеќе

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Читај повеќе