Венгер сака повторно да ги воодушеви навивачите: Носи играч на Барселона

Како што пренесува „Мундо Депортиво“, Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер, одлучил решение за едно од своите најгорчливи прашања во тимот да побара на „Камп Ноу“.

Петар Чех е веќе во изминати играчки години, оваа сезона бележи се послаби партии, па се повеќе се шпекулира околу негов потенцијален наследник.

Голем број на голмани беа поврзувани со Арсенал, а според последните информации следното летно на „Емирејтс“ би можел да пристигне голманот на Барселона Каспер Цилесен.

Холандскиот репрезентативец во тимот на Каталонците е во сенка на одличниот Марк Андре Тер Штеген, не добива премногу прилика, па јасно е дека понуда од некој голем тим од Премиер лигата би можела да го натера да ја промени средината.

За неговите услуги постои голем интерес, односно како што пренесуваат бројни светски медиуми, Цилесен се наоѓа на листата на желби и на Баерн Минхен, како и на Челзи, Манчестер Јунајтед и Сити, што значи дека Венгер за неговиот потпис ќе има пеколна конкуренција.

Како најголем ривал на Арсенал за потпис на Цилесен се смета Барн Минхен, бидејќи Баварците се решени да доведат уште еден квалитетен голман, како последица на се почестите повреди кои ги доживува Мануел Нојер.

Цилесен наводно во договорот со Барса има откупна клаузула во вредност од 60 милиони евра, па ќе видиме дали Арсенал е подготвен да плати толку за нов чувар на мрежата или ќе се обиде со управата на Барселона да преговара за цената.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе