Венгер: Си заминувам од Арсенал по крајот на сезоната

Францускиот тренер Арсен Венгер денеска официјално објави дека ја напушта клупата на Арсенал по 22 години на тренерската позиција на англискиот клуб. Тој има најдолг стаж во Премиер лигата од сите активни тренери.

По неколкугодишен притисок од навивачите, Арсен Венгер денеска (20.04.2018) рано наутро најави дека го напушта кормилото на Арсенал.

„По долго размислување и разговори со управата, одлучив дека најдоброто нешто што можам да го направам е да си заминам од Арсенал по крај на сезоната. Благодарен сум што сите овие години можев да му служам на клубот. Би сакал да им се заблагодарам на сите вработени, сите играчи, управата и навивачите кои го прават овој клуб толку посебен“, изјави Венгер.

Тој беше на чело на Арсенал цели 22 години, но последните неколку години ги помина без особен успех, што предизвика негодување кај навивачите.

Арсен Венгер останува легенда на Премиер лигата со 823 натпревари на клупата на Арсенал, од кои 473 беа победи, 199 нерешени и 151 пораз. За тоа време тој освои 3 титули во Премиер лигата и 7 трофеи од ФА купот, повеќе од било кој тренер во историјата.

„Барам од навивачите да застанат зад клубот и да ни помогнат да ја завршиме сезоната на високо ниво. Сите навивачи на Арсенал треба да се грижат за вредностите на овој клуб. Мојата љубов и посветеност секогаш ќе остане со Арсенал“, додаде Венгер.

Вчера Арсен Венгер напомена дека поранешниот играч на Арсенал, Патрик Виера, го гледа како идеален наследник на тренерската позиција на лондонскиот клуб.

Следниот натпревар на Арсенал ќе се одигра во недела од 14:30, кога на домашен терен ќе го пречека градскиот ривал Вест Хем.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more
 

Спорт

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе