Она што пред неколку денови го најави телевизијата ЕСПН, дека Арсен Венгер ќе остане уште две години во Арсенал, доби потврда. Францускиот стратег официјално го продолжи договорот со „тобџиите“.
Иднината на Венгер во Арсенал беше неизвесна, бидејќи не успеа да се пласира во Лигата на шампионите, но францускиот тренер со победата над Челзи во финалето во ФА купот (2:1), си купи уште две години на клупата на Арсенал.
Вчера Венгер имал состанок со сопственикот Стен Кренке, а подоцна тој го известил дека сака да остане. Венгер ќе потпише нов две годишен договор, но нема да добие зголемување на платата.