Тенис

Венус Вилијамс ќе настапи на Австралијан Опен

6. декември 2017 - 17:23 | М.Д.

Американската тенисерка Серена Вилијамс ќе се врати на терените кон почетокот на оваа година и ќе заигра на отвореното првенство во Австралија во Мелбурн, соопштија организаторите на првиот Грен Слем во сезоната.

Вилијамс оваа година на тој турнир играше трудна и ја освои својата 23 Грен Слем титиула, а во септември стана мајка.

Директорот на овој турнир беше оптимистичен дека Американката ќе се врати на терен следниот месец и ќе ја брани седмата титулата на терените во Мелбурн Парк.

„Бараше виза и ја доби, пријавена е за настап, тренира и не знам што би можело да ја спречи. Сега мора да пронајдеме малку повеќе време за подготовки“, изјави претседателот на Австралијан Опен.

Тој вели дека таа е потполно подготвена за турнирот и има голема желба да го сруши рекордот по бројот на освоени Грен Слем турнири.

Организаторите повторно го зголемија наградниот фонд.

Победниците ќе освојат по четири милиони австралиски долари (околу 2.57 милиони евра).

Вкупниот награден фонд на турнирот е зголемен за десет отсто и изнесува 55 милиони австралиски долари.

Коментирај