Електричниот камион на Volvo го доби името Vera и може да сообраќа и без возач. Сега ја доби и првата задача во „вистинскиот свет“.
Vera стигна како засилување во областа на товарниот транспорт, а ќе биде задолжен за превоз на контејнери од логистичкиот центар до терминалот во Гетеборг.
Ова е резултат на соработката со логистичката компанија DFDS, а ако се покаже добро, камионот ќе добие и дополнителни ангажмани.
Од Volvo велат дека Vera може да пренесе големи количини товар на кратки растојанија со многу прецизно маневрирање.
Вози до 40 км/ч, а засега движењето е под надзор на контролната кула.
Во продолжение, видете како електричниот камион се вклопи во бизнисот на товарниот транспорт: