УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Верати: Мајсторија од Нејмар или Мбапе и победуваме

Играчот од средниот ред на ПСЖ воочи вечерашниот реванш против Манчестер Сити верува дека неговиот тим може втора сезона по ред да игра во големото финале.

Парискиот гигант вечерва брка негатива од 2:1 поради поразот на домашен терен минатата среда. Но, како што „Граѓаните“ успеаја да слават среде Париз, зошто Французите не би можеле да слават среде Манчестер?

„Ова е натпревар за каков што секој сонува да игра. Очекуваме убав натпревар. Мора да останеме смирени, да играме со карактер и со нашиот стил на игра кој и нѐ донесе до тука. Мора да се справиме со нашите емоции. Малку работи можат да одлучат натпревар“, вели Марко Верати.

Италијанецот веќе 9 години е дел од тимот кој има високи амбиции, но дури лани прв пат стигна до финалето каде и потклекна. Оваа сезона има втора шанса, но пречка е тимот на одличниот стратег Пеп Гуардиола.

„Гуардиола сака да има контрола над натпреварити, но ние мораме да се фокусираме на нас самите. Имаме одличен тим и голем тренер. Имаме сѐ што ни треба. Мора да останеме луцидни и смирени. Нема потреба да правиме чуда, Сити има само мала предност во однос на нас. Мора да го негуваме нашиот стил на игра“.

Ова се натпревари кои може да ги одлучи и само еден потег. Верати има такви спретни соиграчи, но проблемот на ПСЖ е што на домашен терен прими два гола, па победа од само 1:0 вечер би била пирова.

„За да се освои Лигата на шампионите потребни се менталитет, карактер, дуел игра, едноставно - потребно е сѐ. Треба да играме против најдобрите фудбалери на светот и никогаш нема работите да се одвиваат онака како што посакуваме. Понекогаш сѐ што е потребно е само една мала мајсторија од Нејмар или Мбапе за да се одлучи натпреварот“, завршува тој.

Натпреварот се игра вечер од 21 часот на „Итихад“ стадионот во Манчестер, а правдата ќе ја дели Холанѓанецот Бјерн Кујперс.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Која секс поза и секс играчка се најпопуларни во Македонија?

Read more

Со што се дрогираат Македонците?

Read more

Фудбал

Ламал ќе ја добие 10-ката на Меси

Read more

Во Хрватска шампионскиот трофеј ќе биде донесен со хеликоптер

Read more

Крајот на една иконска кариера запечатен со јубилеен гол: Уживав во секоја минута

Read more

Ракитиќ ќе се пензионира

Read more
 

Спорт

Ламал ќе ја добие 10-ката на Меси

Читај повеќе

Во Хрватска шампионскиот трофеј ќе биде донесен со хеликоптер

Читај повеќе
  • play_arrow

Крајот на една иконска кариера запечатен со јубилеен гол: Уживав во секоја минута

Читај повеќе

Ракитиќ ќе се пензионира

Читај повеќе

Дрес на Мајкл Џордан од 1993 година продаден за 2,6 милиони долари

Читај повеќе

Поради можна мајсторка: Интер и Наполи в петок ќе решаваат за Скудетото

Читај повеќе

Освоија титула, па се ослободија од 11 играчи

Читај повеќе

Де Брујне: Можеби ќе останам во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси за соперништвото со Роналдо: Спортски гледано, беше прекрасно

Читај повеќе