Фудбалерот на ПСЖ, Марко Верати, паузата помеѓу двете сезони одлучи да ја мине на Ибица, каде го снајде непријатна ситуација.
Овој одмор ќе му остави и лошо сеќавање. Шпанската цивилна гарда објави дека истражува кражба на голема сума пари и накит од Марко Верати од куќата во која тој го минува својот летен одмор на Балеарските Острови.
Иако не е официјално потврдено, вредноста на украдените предмети би можела да биде околу 3 милиони евра.
Грабежот се случил во понеделникот додека Верати и неговите роднини биле надвор од местото на настанот.