Вербални и материјални докази презентирани на рочиштето за „Монструм”

Со сведоци предложени од одбраната денеска во Кривичниот суд Скопје продолжи судењето за петкратно yбиство кај Смилковското Езеро во април 2012 година.

Сведокот Назиф Буши во својот исказ пред судот рече дека со Сами Љута, (обвинет во случајот ,„Монструм”) живеат во иста населба, односно дека Љута живеа блиску до неговите први братучеди.

– Обвинетиот Фејзи Азири го познавам од активности на партијата, кога бев назначен како координатор на партијата во Чучер Сандево. Сами Љута живее во близина на Сенад Буши, мој прв братучед. Тој беше присутен и на свадбата на мојот братучед. Косата му беше слична како сега, рече сведокот Буши.

Другиот сведок на одбраната Шевал Алити, сведочеше за денот на убиството во Смилковско Езеро. Алити во својот исказ кажа дека тој ден бил кај Смилковското Езеро со девојка.

– Десет минути од кога стигнав кај Смилковско Езеро, дојде една кола со двајца Алфи. Се сеќавам темница беше, за точно време не се сеќавам. Алфите нѐ легитимираа. Додека бев таму не слушнав ништо. Алфите ни ги зема личните карти и ни рекоа да седиме во кола, до 23:30, рече сведокот Алити.

Истиот, како што посочи обвинителката Фатиме Фетаи, давал изјава и во СЈО, но таа не го предложила како сведок зошто не кажал ништо суштински.

Пред започнување на рочиштето судијата Огнен Ставрев рече дека барал од МВР да го најдат лицето Вахид Берат, но не го нашле.

– Вахид Берат не работи веќе во МВР, добил отказ, отиден е во Германија и оттогаш не е достапен. МВР цел викенд го бараше, наведе судијата Ставрев.

Освен вербални докази на денешното рочиште за ,,Монструм” беа презентирани и материјални докази.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски во април 2012 година обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (во бегство) и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Судењето за овој предмет го води судската двојка Огнен Ставрев и Осман Шабани, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Читај повеќе

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Читај повеќе

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Читај повеќе