Пејачката и актерка Лејди Гага се појави на филмскиот фестивал во Венеција, а вниманието на публиката го привлече нејзиниот огромен веренички прстен кој „бодеше очи“.
Гага на црвениот тепих прошета во друштво на бизнисменот Мајкл Полански, за кој долго време се шпекулираше дека е љубовта на нејзиниот живот.
Иако досега одбиваа да го коментираат својот емотивен статус, дијамантскиот прстен од осум карати што популарната пејачка го носеше кога пристигна во Венеција конечно ја разреши дилемата - Лејди Гага се вери!
Гага се појави на црвениот тепих за премиерата на нејзиниот нов филм Joker: Folie à Deux во црна креација со потпис на луксузната куќа Dior која се карактеризира со длабоко деколте, отворен грб и гломазни украси.
Освен тоа, впечатлив беше и деталот што го носеше на глава – фасцинатор, дело на ирскиот дизајнер на висока мода Филип Трејси.