Верничка го повлече папата за рака, тој ја оттурна па ѝ се извини
Римокатоличкиот поглавар папата Франциско се извини откако една верничка силно го повлече за раката, а тој налутено ја оттргна. Папата потоа јавно се извини за инцидентот.
„Толку често губиме трпение, тоа и мене ми се случува. Се извинувам поради лошиот пример што го дадов“, изјави папата.
Снимката од 83-годишниот папа како рефлексивно реагира налутено откако жената ненадејно го грабна и го повлече за раката предизвика огромно внимание во медиумите. Тој ги поздравуваше верниците на плоштадот Свети Петар кога се случи тоа.