Верон: Занети може да го намами Меси во Интер

Со оглед на тоа што договорот со Барселона му истекува ова лето, иднината на Аргентинецот е сѐ уште неизвесна.

Хавиер Занети би можел да го искористи својот шарм за да го намами својот поранешен соиграч од репрезентацијата на Аргентина во Интер, смета Хуан Себстијан Верон, исто така некогашен соиграч на двајцата.

„Не верувам дека би одел во Италија. Но, доколку го стори тоа, би било само поради Хавиер Занети, кој добро го познава и би се обидел да го наговори, да направи повторно да се чувствува важен објаснувајќи му го клупскиот проект“, вели Верон говорејќи за Stats Perform News.

Занети и Меси шест години настапуваа заедно во репрезентацијата, период во кој Занети беше и капитен. Откако се пензионираше работи како потпретседател во Интер.

„На крајот одлуката е сепак целосно на Меси. Но, доколку Интер сака да се обиде да го ангажира, ќе мора да го заведе и да се обиде преку неговото срце“, додава Верон.

На Меси му недостасува уште еден настап во репрезентацијата за да се израмни со Занети на второто место на вечната листа каде Хавиер има 143 натпревари, додека Лео има 142. Прв е Хавиер Масчерано со 147 натпревари, но и тој наскоро ќе биде престигнат од Меси.

„Не би знаел уште колку години Меси сака да игра на ова ниво, но ако Интер сака да го донесе мора да му стави дознаење дека тој ќе биде лидерот и дека имаат намера клубот да биде на самиот врв“, заврши тој.

Верон играше заедно со Занети две сезони во Интер, додека со Меси беше соиграч во репрезентацијата пет години, истиот период кога играше и Занети.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Фудбал

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Read more

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Read more

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Read more

Откриено зошто колабираше Ндика, немал срцев удар

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Читај повеќе

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Читај повеќе
  • play_arrow

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Читај повеќе

Откриено зошто колабираше Ндика, немал срцев удар

Читај повеќе

Сега почнува спектаклот: Познати се сите плеј-ин парови и учесници во плеј-офот

Читај повеќе

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Читај повеќе
  • filter

Неверојатни сцени на прославата во Леверкузен: Навивачите не издржаа и влетаа пред 90-та

Читај повеќе
  • play_arrow

Хет-трик на телохранителот на Меси – запре 3 навивачи на еден натпревар

Читај повеќе