Верските лидери апелираа дека вирусот е реална и сериозна закана

Лидерите на верските заедници во земјава упатија едногласен апел до сите граѓани за одговорен однос кон себеси и ближниот, а опасноста од вирусот да ја сфатат како реална и сериозна по животот и здравјето. Тие повикаа и на мирни, слободни и демократски избори во интерес на иднината на државата, соопшти Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи по денешната средба на лидерите на верските заедници кои се спомнати во Уставот на Република Северна Македонија.

На средбата која се одржа на покана на директорот на Комисијата, Даријан Сотировски, присуствувале поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г. Стефан; в.д. реис-ул-улема на Исламската верска заедница, Шаќир еф. Фетаху; бискупот на Католичката црква, монсињор Киро Стојанов и суперинтендентот на Евангелско-методистичката црква, Марјан Димов. Од оправдани причини отсуствувала претседателката на Еврејската заедница, Берта Романо Николиќ.

Како што соопшти Комисијата, верските лидери имале опсежна дискусија имајќи ја предвид сериозноста на заканата од пандемијата предизвикана од коронавирусот и го оцениле достоен за почит и пофалба неуморниот труд на лекарите и на медицинскиот персонал при справувањето со вирусот.

– Верските лидери споделија размислувања за предизвиците кои сите нè очекуваат во иднина, но и за сето она што во изминатиот период можеше да се стори поинаку или, пак, повеќе, како конкретен придонес во справувањето со оваа сеопшта неволја, соопшти Комисијата за средбата на духовните лидери.

Според нив, најсоодветниот израз на благодарност за подвигот на здравствените работници треба да се покаже на дело – со почитување на изречените мерки од надлежните институции.

Бидејќи се наоѓаме во предизборен период, верските лидери апелирале и за мирни, слободни и демократски избори во интерес на иднината на државата, а разговарале и за важноста од постојано негување култура на толеранција, висока духовност, почит и етичност во односите меѓу конфесиите и во односите со јавноста на сите верски субјекти.

Верските лидери на средбата му го честитале изборот на новиот поглавар на ИВЗ, посакувајќи му успешна работа во одговорната раководна дејност во својата заедница. Ја потенцирале и важноста од отворањето на можноста за натамошна соработка во ваков формат. 

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе