Шпилберг, 30 јуни 2019 (МИА) – Макс Верстапен со Red Bull Honda ја сопре доминацијата на Mercedes од 10 последователни победи во Формула 1, откако победи на Гран При на Австрија по неверојатно возење.
Тоа беше едно од најневеројатните презентации во историјата, бидејќи Холанѓанецот започна лошо и се спушти до седмото место на стартот, но потоа си проби пат напред, а непосредно пред крајот го претекне и лидерот во поголемиот дел од трката – Шарл Леклер (Ferrari).
Валтери Ботас остана на третото место во разочарувачкиот викенд за Mercedes, откако Луис Хамилтон беше само петти.
Меѓу нив заврши Себастијан Фетел, кој, ако имаше уште еден круг, сигурно ќе завршеше на подиумот.