Верстапен: Не сум среќен, требаше да победам

Ф1
Ф.З.
/ 21.03.2023 / 15:40

Лидерот во поредокот сезонава, Макс Верстапен, вели дека требало да победи на трката за Големата награда на Саудиска Арабија доколку немал проблеми со сигурноста поради што било попаметно да ја контролира предноста пред останатите и да ја заврши трката како втор.

На Верстапен во саботата му се случи квар на погонската осовина, поради што во неделата стартуваше како 15-ти, но во текот на трката без проблем се проби до второто место зад својот колега Перес, па на крајот остварија еден-два победа.

Иако имаше 25 круга за да го стигне и претрка Перес, Верстапен не успеа значително да го намали заостанувањето кое беше помеѓу 4,5 и 6 секунди, особено откако пријави чуден звук и вибрации кои го потсетија на проблемите од квалификациите.

„Почетокот на трката беше малку незгоден, беше тешко да се прати низата болиди бидејќи имаше многу малку адхезија“, вели Верстапен кој во последниот круг извозе најбрз круг и го задржа водството на табелата.

„Во еден момент сѐ малку се усложни, можев да отидам напред и безбедносниот автоимобил малку ми помогна. Целта беше да бидеме мирни и да претекнуваме еден по еден болид. Во принцип, овој пат второто место беше главната цел. Овој ден беше за враќање на она што беше возможно. Да се квалификував на првото место сѐ ќе изгледаше многу поинаку. Чеко (Серхио Перес) го стигав пред крајот на трката, но сметавме дека тоа нема да биде доволно за до крајот на трката да го надокнадам заостанувањето зад него. Почнав да чувствувам вибрации во круговите во кои го стигнував и се обидував да притиснам, почнав да чувствувам некоја нестабилност во болидот“, раскажува Верстапен.

Откри и дека требало да победи...

„Понекогаш подобро е сам себе да си кажеш дека е подобро дома да донесеш второ место. Како тим мораме да работиме на тоа двата болида да бидат сигурни бидејќи имаме многу брз болид, но сепак мислам дека можеме да завршиме подобра работа. Во спротивно ќе беше многу поразлична трка за мене. На крајот малку ја ограничивме штетата, но тука требаше да победам. Сите се среќни, но јас особено на сум затоа што не сум тука за да бидам втор. Кога се борите за титулата, а особено кога се чини дека борбата е само помеѓу два болида, морате да се погрижите тие два болида да бидат безбедни“, додаде Холаѓанецот.

Наредната трка во Ф1 календарот е за Големата награда на Австралија, во Мелбурн на 2 април.

„Сакам мирен викенд во Мелбурн за максимално да искористиме сѐ што можеме. Задоволен сум како моментално ни оди, но сезоната е долга“, заврши Верстапен.

Ова беше седма двојна победа за Ред Бул откако Перес стигна во тимот во 2021 година - пет остварија минатата 2022 сезона и две оваа. Но, ова е прва таква победа во која Перес заврши пред Верстапен.

реклама

TikTok трик за гламурозна фризура без фенирање

Read more

Сирена – секс поза што прави чуда за мажите со мал пенис

Read more

Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Read more

Се враќа евтината дневна тарифа на струјата

Read more

Ф1

Мерцедес во Монако покажа радикално дограден F1 W14

Read more

Астон Мартин со Honda од 2026 година

Read more

Возачите на Формула 1 трепкаат на истите „безбедни“ места на патеките

Read more

Ферари му нуди 40 милиони фунти на Хамилтон

Read more
 

Спорт

Го нема Лева - нема голови: Никој не постигна ни 20 гола во Бундеслигата

Читај повеќе
  • play_arrow

7 најлоши фудбалски позајмици на сите времиња

Читај повеќе

Голманот на ПСЖ приклучен на апарати откако падна од коњ

Читај повеќе

Додека ПСЖ славеше титула, Нејмар играше покер  - пријавил дека е повреден

Читај повеќе
  • play_arrow

Жиру за победа на Милан во Торино и пласман во ЛШ

Читај повеќе

Пред Роналдо беше лидер: Ал Наср остана без титула

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Читај повеќе

Џака преку социјалните мрежи се збогуваше со фановите на Арсенал

Читај повеќе
  • play_arrow

Мбапе ѝ го раскрвари носот на девојка на трибините

Читај повеќе