ФОРМУЛА 1 2024

Верстапен остро го критикуваше Расел: Изгубив секаква почит кон него

Ф1
Ф.З.
/ 02.12.2024 / 15:10

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, изјави дека ја изгубил сета почит кон Џорџ Расел од Мерцедес, откако Холанѓанецот беше казнет на трката за Големата награда на Катар во шампионатот во Формула 1.

Верстапен беше најбрз во саботата во квалификациите за Големата награда на Катар, додека второто место го освои Расел. Сепак, организаторите на трката му го одзедоа првото место на Верстапен бидејќи беше утврдено дека актуелниот светски шампион возел непотребно бавно во загревачкиот круг и на тој начин го спречил Расел да постигне подобар резултат.

Верстапен доби казна од едно место, поради што трката за Големата награда на Катар во недела ја започна од второто место, зад Расел. Во неделата, возачот на Ред Бул го престигна Расел на почетокот на трката и на крајот успеа да победи, додека Британецот го освои четвртото место на Големата награда на Катар.

„Бев прилично изненаден во таа соба со стјуардите, поради сѐ што се случуваше. Да бидам искрен, тоа беше многу разочарувачки бидејќи мислев дека сите се почитуваме. Сум бил во таа сала за состаноци многу пати во животот, во мојата кариера со луѓе со кои се тркав, никогаш не сум видел некој да се обиде толку многу да наштети некому... Изгубив секаква почит кон Расел“, рече Верстапен.

BBC пренесува дека Верстапен разговарал со Расел за сѐ пред трката и дека му дал до знаење дека е незадоволен од неговото однесување.

Верстапен е прв во генералниот пласман на возачи со 429 бодови. Тој веќе ја обезбеди својата четврта последователна шампионска титула во Ф1.

Последната трка сезонава во шампионатот ќе се вози на 8 декември за Големата награда на Абу Даби.

реклама

Почна ослободувањето на трасата за скопскиот „мост што води во дневна соба“

Read more

Септември носи пари и крај на грижите за четири хороскопски знаци

Read more

Израел ѝ се закани на Британија: Ако направат грешка, ќе има одговор

Read more

ОН изгласа нова мапа на светот: Европа и Америка се намалуваат, Африка расте

Read more

Ф1

Дали Ферари реши стар проблем: Која е тајната за успехот во Монца?

Read more

Револуција во Формула 1: Одлука што менува сè од корен

Read more

F2002 на Шумахер повторно ќе грми во Монца: Фетел и Барикело го враќаат легендарното Ферари на патеката

Read more

Антонели ќе стартува од последното место во Монца

Read more

Спорт

Дали Ферари реши стар проблем: Која е тајната за успехот во Монца?

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто не беше повторен пеналот на Мбапе против Бетис?

Читај повеќе

Од пет прволигашки дуели викендов дури три ќе се играат на ист стадион

Читај повеќе

Историски преоден рок за Јувентус без продадени играчи

Читај повеќе

Инфантино му врати на Чеферин, упати тешки обвинувања

Читај повеќе

Револуција во Формула 1: Одлука што менува сè од корен

Читај повеќе

Феран Торес ѝ врати на Барса: ПСЖ е чекор напред во мојата кариера

Читај повеќе

Познато е кој ќе ја наследи 10-ката на Меси

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за невозможното гостување: 9 часа пат за 90 минути фудбал на крајот на светот

Читај повеќе