Мобилни

Вертикално свитливиот смартфон на Sharp може да издржи 300.000 превиткувања

12. април 2019 - 13:25 | К.З.

Минатиот месец, без претходна најава, беше објавен новиот патент на јапонската компанија Sharp, во кој е опишан смартфон со свитлив екран. Она што го прави посебен од свитливте уреди на Samsung, Huawei и Oppo е тоа што неговиот екран се превиткува вертикално наместо хоризонтално.

Раниот прототип на овој уред вчера за првпат беше претставен на јавноста, а првите впечатоци се дека се работи за уникатен, напреден и многу интересен уред.

Телефонот доаѓа со AMOLED екран со дијагонала од 6,18 инчи, резолуција од 3.040 х 1.440 пиксели и голем „notch“ на врвот од дисплејот. Екранот се превиткува навнатре, како своевремено популарните телефони на преклоп.

Од Sharp тврдат дека нивниот уред може да издржи 300.000 превиткувања, така што долгорочната издржливост нема да претставува проблем. Одговорните лица во компанијата веруваат дека нивниот смартфон ќе предизвика голем интерес, бидејќи на купувачите им е исклучително важно уредот да биде компактен и пренослив.

Според извештаите, Sharp има намера да го комплетира телефонот и да започне со сериско производство, па може да се надеваме дека до крајот на наредната година тој веќе ќе биде достапен на пазарот.

Коментирај