Верувале или не: Саудиска Арабија ќе организира Зимски игри

Саудискиот принц Мохамед бин Салман е познат како личност која не жали што троши пари, понекогаш на проекти кои на никого во светот не му изгледаат логично.

Сега Салман одлучи дека е паметно Саудиска Арабија да биде домаќин на Азиските зимски игри. Така што натпреварите за кои треба снег и мраз сега ќе се одржуваат во пустина. И тоа во град кој сè уште не постои.

Кандидатурата на Саудиска Арабија за домаќин на Азиските зимски игри во 2029 година беше едногласно одобрена за време на 41. Генерално собрание на Олимпискиот совет на Азија (ОЦА), а Игрите ќе се одржат во Неом.

Неом е град кој се гради во северозападниот дел на Саудиска Арабија, а саудискиот инвестициски фонд ПИФ, со кој управува Салман, и кој во сопственост го има премиерлигашот Њукасл, одлучи да инвестира 500 милијарди американски долари во неговата изградба.

Изградбата започна во 2017 година, досега се изградени само два облакодера, но Салман со години ја уверува нацијата дека градот ќе биде подготвен за првите жители веќе во 2026 година.

До градот има планински масив на кој Салман има намера да изгради скијачки центар наречен Троџена каде што патеките ќе бидат отворени цела година благодарение на вештачкиот снег.

На Игрите во 2029 година спортистите и спортистките ќе се натпреваруваат во 47 спортови, од кои 28 се на снег и 19 на мраз. Азиските зимски игри се одржуваат од 1986 година, а досега се одржувале во Јапонија, Кина, Јужна Кореја и Казахстан, земји каде има идеални услови за зимски спортови.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Останати спортови

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Read more

Конор МекГрегор се враќа во октагонот

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе