Верверичките во ЗОО Скопје прославија роденден
Пред една година, на 31 март 2019, неколку мали верверички, уште непрогледани, биле пронајдени на Водно. Човекот кој ги пронашол ги однесол во Зоолошката градина каде вработените радо ги примиле.
Четирите верверички ги ранеле секојдневно со по 7седум шприца млеко на секои два часа и дење и ноќе. Денес се здрави, живи и весели, а ги носат имињата Рипко, Спанко, Очичка и Инспектор Томе.
Фото: ЗОО Скопје