Вести

Вештачката интелигенција ќе ни овозможи да зборуваме со животните?

19. септември 2018 - 14:20 | М.Д.

Фантазиите за комуницирање со животните постојат одамна, а експертите веруваат дека тоа сега конечно би можело да се претвори во реалност.

Ова би можело да се постигне преку вештачката интелигенција, која би креирала системи за преведување. Тие системи ќе бидат способни да разберат што животните „зборуваат“ и што мислат за нас.

Системот анализираше 70 човечки јазици, за да се утврди модел по кој компјутерот би можел да го преведува она за што се зборува, а да не го познава јазикот кој го толкува.

Аза Раскин, креатор на опции и софтвери кои се користат ширум светот, како и Брит Селвител, еден од основачите на Twitter, сега се обидуваат ист таков модел да искористат за толкување на јазикот на животните.

Помеѓу првите животни кои ќе учествуваат во овие тестирања на тој модел ќе бидат китовите, мајмуните и слоновите.

Така во системот треба да бидат додадени повеќе од 50.000 часа аудио записи од комуникација која се одвива помеѓу китови, како и звучни записи од едно од најпопуларните живеалишта за слонови во Конго.

На тој начин системот ќе може да ја спореди комуникацијата помеѓу животните со комуникацијата помеѓу луѓето, како и со јазикот на луѓето, со што ќе се приближат кон модерната Al Rosetta Stone верзија, која би требало да декодира што животните „зборуваат“.

Коментирај