Наука

Вештачкото сонце ќе „изгрее“ над Кина до крајот на годинава

13. март 2019 - 15:52 | К.З.

Групата од кинески научници кои подолго време работат на овој проект најавуваат дека крајот на оваа календарска година би требало да го донесе и крајот на изработката на вештачкото сонце.

Експерименталниот фузиски реактор, односно вештачкото сонце кое го имитира процесот на нуклеарна фузија, направи значителен исчекор во експериментите од овој вид кога достигна температура од 100 милиони степени Целзиусови.

Кинеските научници најавија дека ќе ја завршат изградбата на реакторот HL-2M tokamak, како што службено се нарекува проектот, а рокот за овој подвиг го поставија за крајот на 2019 година.

Плазмата на вештачкото сонце главно се состои од електрони и јони, а таа ќе послужи како вовед за идните фузиони реактори и Кина ќе биде еден чекор поблиску до остварување на сонот за чиста енергија.

Од Кина најавуваат и изградба на вештачка месечина, односно светлечки сателит, кој ќе му послужи на градот Ченгду како замена за уличните светилки.

Коментирај