Јужноамериканскиот весник El Nacional од Доминиканската република, направи смешна грешка и објави погрешна фотографија од американскиот претседател. Место од Трамп, тие објавија фотографија од актерот Алек Болдвин, како го глуми Доналд Трамп.
Во текстот за ставовите на Трамп за Израел и Бенџамин Нетанјаху, весникот направи грешка со тоа што комплетно ја погреши фотографијата од новиот претседател. Алек Болдвин, во последниот период често го имитира американскиот претседател.
Весникот се извини за грешката и соопшти дека фотографијата ја преземале од агенцијата Associated Press без да ја забележат грешката.