Фудбал

Вест Хем нуди 40 милиони евра за Игуаин

11. јули 2019 - 9:31 | А.С.

Вест Хеми му понуди на Јувентус 40 милиони евра за напаѓачот Гонзало Игуаин, јавува Sky Sport Italia.

Лондонскиот клуб наводно ја понудил истата сума за Макси Гомез и за Себастијан Халер, но напаѓачите на Селта и Ајнтрахт ги одбиле трансферите бидејќи сметаат дека може да најдат подобри клубови.

Нова мета за Вест Хем е Игуаин – сакаат да го донесат на позајмица, а потоа да му понудат опција за задолжително откупување на договорот ако се исполнат одредени услови за време на сезоната во Премиер лигата.

Игуаин има 31 година и по разочарувачките позајмици во Милан и во Челзи се врати во Јувентус.

Новиот тренер на „Старата дама“ Маурицио Сари наводно нема намера да го задржи, а Аргентинецот досега одби да премине во Рома.

Сепак, можеби ќе го прифати предизвикот да се врати во Англија.

Коментирај