Фудбал

Вест Хем подобар од Фулам за продолжување на победничката низа

16. декември 2018 - 8:15 | МИА
Лондон, 15 декември 2018 (МИА) – Екипата на Вест Хем го победи Фулам на гостински терен со 2:0 во натпревар од 17-тиот круг од првенството на Англија.

Головите за Вест Хем ги постигнаа Роберт Снодграс и Мајкл Антонио.

Ова беше четврта победа во серија за Вест Хем по која се искачи на 9.место на табелата со 24 бода.

Фулам со само девет освоени бода е на последната позиција.

Резултати на другите денешни натпревари од 17.коло во Премиер лигата:

Манчестер Сити – Евертон 3:1
Кристал Палас – Лестер 1:0
Хадерсфилд – Њукасл 0:1
Тотенехм – Барнли 1:0
Вотфорд – Кардиф 3:2
Вулвс – Бурнмут 2:0. 

Коментирај