НБА 2020/21

Вестбрук дојде до 181. трипл-дабл и влезе во НБА историјата

Расел Вестбрук ноќеска го постигна својот трипл-дабл број 181 во кариерата и со тоа си обезбеди место во историјата на најдобрата кошаркарска лига на светот.

Вашингтон Визардс на гости кај Индијана Пејсерс тесно славеше со 133:132 по продолженија, а Вестбрук во победата учествуваше со трипл-дабл од 33 поени, 19 скокови и 15 асистенции и го засени дури и својот соиграч Бредли Бил кој заби неверојатни 50 поени.

Всушност, Вестбрук го направи она кое никој не го очекуваше - се израмни по бројот на трипл-дабли во кариерата со легендарниот Оскар Робертсон. Јасно е дека Вестбрук во иднина ќе направи барем уште еден трипл-дабл и со тоа ќе избие сам на вечната листа, достигнување кое тешко дека некој во скоро време ќе го надмине.

Remote video URL

Не само што влезе во историјата, туку тоа го направи на начин што ѝ донесе победа на својата екипа. Ги реализираше двете слободни фрлања за 133:132 на секунда пред крајот, а потоа го блокираше ударот на Карис ЛеВерт за победа на Индијана.

Remote video URL

Вашингтон сезонава се мачи, со оваа победа всушност ја мина Индијана на табелата во Истокот каде има скор од 32-36 и е 9-ти, додека Индијана со 31-36 е 10-та.

Резултати:
Индијана Пејсерс - Вашингтон Визардс 132:133 прод.
Филаделфија 76ерс - Детроит Пистонс 118:104
Торонто Репторс - Мемфис Гризлис 99:109
Денвер Нагетс - Бруклин Нетс 119:125
Голден Стејт Вориорс - Оклахома Сити Тандер 136:97
Портланд Треил Блејзерс - Сан Антонио Спарс 124:102
Јута Џез - Хјустон Рокитс 124:116

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Кошарка

Бакс и Лејкерс одиграа спектакуларно дерби со дури две продолженија

Read more

Балканците доминираа синоќа во НБА

Read more

Најплатената ѕвезда во НБА: Постот за Рамазан ми го спаси животот

Read more

Лејкерс славеа во меч со речиси 300 поени, Голден Стејт испушти место во плеј-ин

Read more
 

Спорт

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе